Знаеме дека го сакате најдоброто за себе. Безбедноста е голем фактор во животот, почнувајќи од храната што ја консумирате, па сѐ до личните производи што ги користите. Во TAMPAX целосно се согласуваме со тоа и затоа продолжуваме да изработуваме производи од безбедни материјали, кои се употребуваат со години и кои редовно ги тестираме за дополнително да се осигуриме дека се безбедни.
Производите на TAMPAX претставуваат уникатна комбинација од материјали што влеваат поголема доверба во поглед на заштитата од протекување и удобноста. Како што можете да видите на сликата подолу, производите на TAMPAX се составени од три главни елементи: јадро што апсорбира, апликатор за лесно вметнување и комбинација од врвца и од конец за отстранување.
Правиме опширни испитувања за да бидеме сигурни дека милиони жени низ светот ќе можат да ги употребуваат нашите производи со целосна самодоверба. Овие испитувања потоа се прегледуваат од независни стручњаци, вклучувајќи лекари, научници и здравствените власти, чијашто работа е да ја контролираат безбедноста на тампонот. Нашите тампони имаат сертификат OEKO-TEX® STANDARD 100, што значи дека сите материјали што ги употребуваме се тестирани за опасни супстанции. Кликнете тука за повеќе информации во врска со OEKO-TEX® STANDARD 100.
Погледнете го следново објаснување за составните делови и за материјалите вклучени во нашите тампони и зошто сме ги избрале токму нов. Лизгајте ги сликите за да го видите составот на секоја продажна серија.
Сакате ли да знаете повеќе за специфичниот состав на вашиот тампон од TAMPAX?
Тампоните на TAMPAX | Состав |
---|---|
TAMPAX Compak Lites/Regular/Super/Super Plus | вискоза, полиестер и памук |
Сакате ли да прашате нешто?
ПРАШАЊА ЗА СОСТАВОТ НА ТАМПОНИТЕ
Прашања за составните делови на TAMPAX
Затоа што се грижиме еднакво колку и вие за составните делови на тампонот.
ОПШТИ ПРАШАЊА ЗА СОСТАВНИТЕ ДЕЛОВИ НА ТАМПОНОТ
За нас се важни затоа што се важни за вас.