Ние во „Always“ разбираме дека сакате да знаете од што се составени производите што ги користите секојдневно. Токму затоа, ќе ви ги дадеме потребните информации, за да може да го изберете вистинскиот производ за вас.
Нашите хигиенски и секојдневни влошки „Always“ се изработени од материјали кои ви нудат комфор и заштита. Подолу е дадено целосното објаснување за составот на нашите производи и намената на секоја поединечна компонента.
Имате прашања? Видете го делот „Прашања и одговори“ или пратете ни порака.
Дали производите на „Always“ се безбедни?
Да, нашите хигиенски и секојдневни влошки се безбедни и секојдневно ги користат милиони жени. Вашата безбедност е од најголема важност и затоа нашите производи подлежат на строги тестови, вклучувајќи и проценки од независни стручни лица како лекари, универзитетски научници и здравствени власти. Во текот на производството се спроведуваат над 1.800 тестови за квалитет на материјалите кои се користат за производство на хигиенските влошки. Секоја година, независни лаборатории вршат над 20.000 тестови на нашите хигиенски влошки и нивните составни делови. Исто така, „Always“ (Always Ultra, Always Night, Always Sensitive) е носител на одобрението „Дерматолошки акредитирано“ што го доделува Алијансата за здрава кожа.
Дали хигиенските влошки ја иритираат кожата?
Не, нашите хигиенски влошки не предизвикуваат иритација на кожата. Сите наши производи се подложени на строги тестови за безбедност за да бидат безбедни за употреба. Пример за тоа како тече безбедносната проценка може да најдете овде.
Дали мирисливите хигиенски влошки се безбедни? Дали иритираат и предизвикуваат чешање во интимната зона?
Вашата безбедност ни е од најголема важност, па затоа, како и нашите хигиенски и секојдневни влошки без мирис, така и нашите производи со мирис се безбедни за употреба. Користиме избрани материјали, вклучувајќи го и мирисот кој што се става во мирисливите производи, кои не предизвикуваат иритации и не предизвикуваат чешање кога се користат во хигиенски влошки. Исто така, мирисот кој се користи во нашите хигиенски и секојдневни влошки ги исполнува најстрогите безбедносни стандарди на Меѓународната асоцијација за мириси, која е водечка организација во областа на безбедноста на мирисите. Доколку претпочитате производи без мирис или сте чувствителни на мириси, ви ги препорачуваме нашите производи без мирис.
Зошто вашите хигиенски влошки не се 100% памучни?
Нашите производи ги исполнуваат најстрогите стандарди за безбедност и делотворност, без оглед на материјалите од кои се произведени. Секоја жена и секој менструален циклус е различен, па затоа нудиме широк избор на производи. Токму затоа, ги изработивме „Always Sensitive Essentials“, кои се наменети за жени кои сакаат хигиенски влошки произведени од едноставни материјали, а кои секогаш нудат сигурност. Нема потреба од компромис, хигиенските влошки „Sensitive Essentials“ го нудат добро познатиот комфор и заштита на „Always“, во комбинација со едноставни компоненти кои не содржат бои, мириси и кои не се белени со хлор.
Дали хигиенските влошки се белени со хлор?
Не, хигиенските влошки „Always Sensitive Essentials“ се прочистуваат со помош на процеси кои не содржат хлор, а другите хигиенски влошки од нашата понуда се прочистуваат со помош на процеси кои не содржат елементарен хлор. И двата процеси се подеднакво безбедни.
Зошто хигиенските влошки се подложуваат на белење?
Компаниите со кои соработуваме применуваат процеси без елементарен хлор за прочистување на целулозните влакна кои понатаму ги користиме во нашите производи. Со помош на процесот на прочистување се отстрануваат природните нечистотии и се чистат влакната, за да може да се користат во производство. Белењето на влакната е резултат на ваквиот процес, но не и примарна цел. Хигиенските влошки „Always Sensitive Essentials“ претставуваат алтернатива со тоа што целулозните влакна се прочистуваат со помош на алтернативен метод што воопшто не содржи хлор туку се употребува водород пероксид.
Дали вашите хигиенски влошки содржат токсични бои?
Не, не содржат. Пигментите кои се користат во одредени хигиенски влошки се подложени на строги проценки од страна на научници, даватели на здравствени услуги и овластени тела, за да може безбедно да се користат.
Како сте сигурни дека вашите производи се безбедни?
Бидете сигурни дека нашите процеси кои се засноваат врз научни сознанија, нудат безбедност за жените кои ги користат нашите производи. Само производите и материјалите кои ги исполнуваат безбедносните стандарди засновани врз научни сознанија може да се најдат на пазарот. Исто така, нашите проценки ги споделуваме со научници, даватели на здравствени услуги и овластени тела, за да бидеме сигурни дека нашите производи се безбедни. Повеќе информации за нашиот безбедносен процес можете да најдете на следната веб-страница.
Наша безбедносна заложба
„Always“ се залага сите наши производи да ги исполнуваат строгите безбедносни стандарди. Покрај тоа, веруваме дека е важно нашите безбедносни проценки и составните компоненти да бидат прегледани од страна на независни стручни лица, кои ги проверуваат нашите производи врз основа на нивните безбедносни правила. Токму затоа, горди сме што ни беше доделено одобрението „Дерматолошки акредитирано“.
Акредитација на Алијансата за здрава кожа
Што претставува Алијансата за здрава кожа?
Со нивни зборови: „Алијансата за здрава кожа доделува професионална дерматолошка акредитација на производи, услуги и брендови насекаде низ светот.
Ние им помагаме на потрошувачите да бидат сигурни во својот избор на производи, потврдувајќи им дека производот кој го избрале е проверен од независно тело и е безбеден за кожата.
Преку нашата работа, гордо поддржуваме голем број на добротворни цели и каузи за здрава кожа.“
https://www.skinhealthalliance.org/about-us/
„Always“ (Always Ultra, Always Night, Always Sensitive) го доби одобрението „Дерматолошки акредитирано“ што го доделува Алијансата за здрава кожа.
Што значи да се има акредитација од Алијансата за здрава кожа?
„Логото за дерматолошка акредитација на Алијансата за здрава кожа претставува потврда дека производот ги исполнил строгите критериуми за безбедност на кожата. Ваквите критериуми не ги утврдува самиот производител или брендот, туку се утврдени од страна на нашиот тим од водечки независни дерматолози и експерти за кожа.“ Џејмс Столи, извршен менаџер, Алијанса за здрава кожа.
Дополнителни информации се достапни на интернет:
Веб-страница на Алијансата за здрава кожа - https://www.skinhealthalliance.org/
и видео за нив/нивната работа: https://www.youtube.com/watch?v=NA-lr0UMxC4