Ние во „Always“ разбираме дека сте љубопитни да знаете од што се направени влошките. Поради тоа, повеќе од среќни сме да ви понудиме информации за тоа.
Материјалите што ги користиме за Always влошките се внимателно направени за да загарантираат секојдневна удобност и заштита. Долу можете да пронајдете детален опис на функционалностите на секоја поединечна компонента на нашите производи.
Дали имате други прашања? Видете го делот „Прашања и одговори“ или пратете ни порака.
Дали Always влошките се безбедни за секојдневна употреба?
Да, нашите влошки се безбедни и секојдневно ги користат милиони жени низ светот. Вашата безбедност е од најголема важност и затоа нашите производи подлежат на строги тестови, вклучувајќи и проценки од независни стручни лица, како лекари, универзитетски научници и здравствени власти. Во текот на производството се спроведуваат над 1.800 тестови за квалитет на материјалите кои се користат за производство на влошки. Секоја година, независни лаборатории вршат над 20.000 тестови на нашите влошки и нивните составни делови. Исто така, Аlways секојдневните целосни влошки се носител на одобрението „Дерматолошки акредитирано“ од Алијансата за здрава кожа.
Дали влошките предизвикуваат иритација?
Иако иритацијата од влошките е честа грижа за многу жени, ве уверуваме дека нашите влошки не би требало да предизвикуваат иритација на кожата. Сите наши производи се подложени на строги тестови за безбедност за употреба. Пример за тоа како се одвива безбедносната проценка, може да најдете овде.
Дали миризливите влошки се безбедни? Дали миризливите влошки иритираат и предизвикуваат чешање во интимната зона?
Ние во „Always“ сме посветени на вашата безбедност, па затоа се грижиме нашите миризливи производи да се безбедни за дневна употреба. Материјалите што ги избираме, вклучувајќи го мирисот во нашите миризливи влошки, не предизвикуваат иритација на кожата или чешање. Исто така, мирисот кој се користи ги исполнува најстрогите безбедносни стандарди на Меѓународната асоцијација за мириси, којашто е водечка организација во областа на безбедноста на мирисите. Доколку претпочитате производи без мирис, или пак сте чувствителни на мириси, ви ги препорачуваме нашите производи без мирис, коишто нудат идентична удобност.
Дали влошките се белени со хлор?
Не, влошките се прочистуваат со помош на целосно безбеден процес кој не содржи елементарен хлор.
Зошто влошките се подложуваат на белење?
Компаниите со кои соработуваме применуваат процеси без елементарен хлор за прочистување на целулозните влакна во нашите производи. Со прочистувањето се отстрануваат природните нечистотии и се чистат влакната, за да може да се користат во производство. Белеењето на влакната е резултат на ваквиот процес, но не и примарна цел. Алтернативата е прочистување на целулозните влакна без хлор, туку со хидроген пероксид.
Дали вашите влошки содржат токсични бои?
Не, не содржат. Пигментите кои се користат во одредени влошки се подложени на строги проценки од страна на научници, даватели на здравствени услуги и овластени тела, за да може безбедно да се користат.
Како сте сигурни дека вашите влошки се безбедни?
Нашите процеси се засноваат врз научни сознанија и се користат ригорозно за да понудат безбедност. Сите производи и материјали треба да ги исполнат строгите безбедносни стандарди засновани врз научни сознанија пред да може да се најдат на пазарот. Исто така, нашите проценки ги споделуваме со научници, даватели на здравствени услуги и овластени тела, за да бидеме сигурни дека нашите производи се безбедни за употреба. Повеќе информации за нашиот безбедносен процес можете да најдете на нашата корпоративна веб-страница.
Безбедносна заложба на „Always“
Секогаш сме се залагале сите наши производи да ги исполнат строгите безбедносни стандарди. Покрај тоа, нашите тимови од независни експерти спроведуваат безбедносни проценки и преглед на состојките, за да загарантираме дека нашите производи ги исполнуваат нивните безбедносни правила за кожата. Токму затоа, горди сме што ни беше доделено одобрението „Дерматолошки акредитирано“.
Што претставува „Алијансата за здрава кожа“?
Со нивни зборови: „Алијансата за здрава кожа доделува професионална дерматолошка акредитација на производи, услуги и брендови насекаде низ светот.
Ние им помагаме на потрошувачите да бидат сигурни во својот избор на производи, потврдувајќи им дека производот кој го избрале е проверен од независно тело и е безбеден за кожата.
Исто така, гордо поддржуваме голем број на добротворни цели и каузи за здрава кожа преку нашата работа.“
https://www.skinhealthalliance.org/about-us/
„Always“ (Always Ultra, Always Night, Always Sensitive) го доби одобрението „Дерматолошки акредитирано“ што го доделува Алијансата за здрава кожа.
Што значи да се има акредитација од Алијансата за здрава кожа?
„Логото за дерматолошка акредитација на Алијансата за здрава кожа претставува потврда дека производот ги исполнил строгите критериуми за безбедност на кожата. Ваквите критериуми не ги утврдува самиот производител или брендот, туку се утврдени од страна на нашиот тим од водечки независни дерматолози и експерти за кожа.“ Џејмс Столи, извршен менаџер, Алијанса за здрава кожа.
За дополнителни информации, слободно разгледајте ги следните извори:
Веб-страница на Алијансата за здрава кожа - https://www.skinhealthalliance.org/
и видео за нив/нивната работа: https://www.youtube.com/watch?v=NA-lr0UMxC4